Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје Сабахадин Рустеми си поднел оставка од функцијата поради морални причини.
Ова го соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ, во изјава за медиумите, по распитит во Кривичниот суд, кој на Рустеми и на раководителот на сектор за отпад Аки Саити, им изрече 30-дневен притвор поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.
Алиспахиќ, вели дека оставката Рустеми не ја дава зошто се чувствува одговорен за ситуацијата со сметот во Скопје, туку да не влијае врз истрагата.
– Неговата оставка е по советување и координација со нас како бранители. Тоа е чин што ќе овозможи непречено водење на истрагат се со цел да докажеме дека истиот нема никаква поврзаност, а во насока дека ниту може да влијае, ниту влијаел и ниту ќе попречи во било какво водење на истрагата, изјави синоќа адвокатот Алиспахиќ.
Алиспахиќ, исто така, нагласи дека имаат голем број на докази со кои, како што нагласи ќе докажат дека Рустеми преземал дејствија за обезбедување потребна механизација, барање поголеми ресурси како и вработување, но не му било одобрувано од управниот одбор.
Директорот Рустеми беше поставен на функција од градоначалничката Арсовска на почетокот на годинава.
Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.
Според обвинителството, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад, што резултирало со создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје.
Вонредните инспекциски надзори и експертското мислење од Институтот за јавно здравје потврдиле дека ваквото управување со отпадот предизвикало оштетување на почвата, воздухот и водата, со потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.
Ново на Сител
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
-

Градоначалникот на Делчево првата плата ја донираше на највредниот комунален работник | ВИДЕО
-

Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат
-

За два денари поскапува дизелот
-

Кривична пријава за скопјанец, не обезбедил услови за работа, двајца повредени работници
-

Трамп одликуван со највисокиот орден за заслуги во Јужна Кореја
