На Комисијата за финансирање и буџет одбиен амандман за зголемување на платите
Комисијата за финансирање и буџет денеска во Собранието на Република Северна Македонија ја почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот откако во саботата заврши општата расправа која траеше три дена.
Од поднесените 58 амандмани денеска претпладне Комисијата не го прифати амандманот поднесен од повеќе пратеници од Социјалдемократскиот сојуз со кој се бараше зголемување на средствата за плати и надоместоци на плати.
Амандманот не беше прифатен со образложение дека во ребалансот на Буџетот се обезбедени средства согласно колективните договори и законските обврски.
- Предвидени се средства за зголемување на платата на вработените во јавен сектор и регресот. Сите права на вработените утврдени согласно закон ќе бидат испочитувани, рече заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на расправата обвинуваа дека народните пари се менаџирале лошо, и согласно тоа, според нив, опоцизијата денеска не треба да предлага, како што посочија „популистички амандмани со кои се покажуваат како спасители на работничките права“ и „амандмани со кои сакаат да ги корегираат работите што самите си ги направиле“.
Амандманската расправа ќе продолжи во 16:30 часот.
Ново на Сител
-

Во Основниот суд Куманово одложено рочиштето за случајот Вангелица Илијевска
-

Анализа на американското разузнавање: Путин е порешителен од кога било досега
-

Захарова: Европа се движи кон самоуништување
-

При претрес во струмичко пронајдена марихуана
-

Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол
-

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини
-

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар
-

Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка
