На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 329 пациенти, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 329 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 42 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 27, во ковид центарот во Гостивар 10, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 12 во Кичево 9, Кавадарци 13, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 536 и има околу 870 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство
Ново на Сител
-
Мицкоски: Наскоро пристигнува помош од Словенија, Србија, Турција и Црна Гора во борба против пожарите
-
Хамас се повлекува од преговорите за примирје во Појасот Газа
-
По обидот за атентат најверојатно ќе се зголеми рејтингот на Трамп
-
Јанчев очекува пожарот на Серта денеска да се стави под контрола
-
Десет до петнаесет колапси дневно и зголемен број сообраќајки
-
Исклучени два далекуводи во неготинско од безбедносни причини, нема прекини во снабдувањето со електрична енергија
-
Герапетритис: Новиот политички и државен врв на Северна Македонија систематски го прекршува Договорот од Преспа
-
Лишен од слобода жител на неготинско село, братот пријавил во полиција дека му се заканувал со остар предмет