Македонија
14. July 2024 - 16:42

Македонскиот државен врв со осуда за обидот за атентат врз Трамп

Обидот за атентат врз поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп е резултат на ширењето говор на омраза од политичките опоненти и негативната енергија која се одвива на американската политичка сцена, а се интенвизира во предизборниот период, смета поранешниот амбасадор во САД, Васко Наумовски.

Изјава- Васко Наумовски, поранешен амбасадор на САД

По неуспешниот атентат, на Трамп би му се зголемиле шансите за победа на изборите во ноември, со тоа што ќе му се зголеми популарноста на анкетите и би ги придобил симпатиите кај американскиот народ.

На македонската политичка сцена, од утринава се испраќаат пораки за брзо опоравување на Трамп и осуда за нападот. Нападот врз поранешниот претседател, е напад врз домократијата, оценува македонската претседателка, Гордана Силјановска Давкова.

Осуда и од премиерот Мицкоски, нападот го оцени како кукавички.

Телоп- Христијан Мицкоски, премиер на Македонија

„Во овие моменти на тага, шок и загриженост на американскиот народ, како претседател на Владата, упатувам изрази на најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп. Истовремено, на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посакувам побрзо закрепнување и заздравување.”

Со пораки за брзо опоравување на Трапм и сочувство до семејствата на загинатите и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

“Го осудувам секој обид за насилство, ваквите акти на насилство немаат место во цивилизираното општество и претставуваат сериозен напад врз демократските вредности и владеењето на правото.”

И претседателот на Собранието, Африм Гаши, лидерот на Знам, Димитриевски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети како и други политички чинители во Македонија го осудија актот на насилство и недемократскиот чин.

Трамп утре треба официјално на национала конвенција на Републиканската партија да биде избран за кандидат за претседател на САД.