Македонија
15. August 2024 - 16:39

Наќе Георгиев призна вина - се пазари за 3 години затвор

3 години затвор испазарил врховниот судија Наќе Георгиев за митото од 10.000 евра во кеш со кои беше фатен на паркинг во Скопје. Информацијата ја потврди и обвинителството од каде велат дека спогодбата ја потпишале денеска.
Откриваат дека Георгиев признал дека заедно со Иџет Мемети му ветувале на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Малборо дека за мито од 30.000 евра во случајот со марихуаната ќе му ја обезбедат најниската затворска казна. Според соопштението на Обвинителството, само за да го разгледа случајот судијата Георгиев барал 5.000 евра. Синот на Боро Малборо му ги однел на врата, во неговиот дом во Струмица. Судијата ги земал овие пари и ветил дека преку заменик претседателот на Советот на јавни обвинтели Иџет Мемети ќе издејствува спогодба со обвинителството за најниската можна казна од 5 години.
„За да ги поткрепи своите ветувања осомничениот НГ, во три наврати во присуство на сведокот, преку апликацијата Ватсап комуницирал со осудениот И.М, кој разговор го слушал и сведокот, кога осудениот И.М кажал дека наводно се преземени сите дејствија за интервенирање за да биде одобрено барањето за склучување на предлог спогодбата така како што ветувал осомничениот Н.Г.“ – се вели во соопштението на Обвинителството.

Договорот паднал. Синот на Боро Малборо на Георгиев требало да му даде 20.000 евра на денот кога судот ќе ја потврди спогодбата.
Но, екс градоначалникот имал друг план. Неговиот син отишол во полиција и го пријавил случајот. Обвинителството тука видело шанса да ги приведе судијата и членот на Советот на обвинители. На Боро Малборо му ја дале истата спогодба која му ја ветувале Георгиев и Мемети а на врховниот судија му ја поставиле замката.
„Откако спогодбата со осомничениот татко на сведокот била потпишана и потврдена од судот на 20.05.2024 година, осомничениот Н.Г и сведокот истиот ден се сретнале на паркинг просторот кај Хотел Вип. Осомничениот Н.Г кој пристигнал со ПМВ Ауди А6, излегол од истото и влегол во возилото на сведокот, ПМВ Пасат и по краток разговор, сведокот му предал бело хартиено плико во кое имало половина од наградата, во износ од 10.000 евра. Осомничениот Н.Г. го ставил пликото во внатрешен џеб од неговото сако, излегол од возилото и се вратил во неговото возило. Во тој момент овластени полициски службеници пристапиле до возилото на врховниот судија кој седел на возачкото место и во еден момент тој го извадил пликото со паричните средства и го ставил помеѓу возачкото и совозачкото седиште каде при преглед на возилото биле пронајдени 10.000 евра кои претходно биле крим- технички обработени. “ – се вели во соопштението на Обвинителството
Дали Наќе Георгиев ќе добие само 3 години затвор за делото за кое се превидени маскимални 10 ќе одлучи судот. Самото признание за владејчката ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека во Македонија доаѓа правдата

Со став се јавија и од коалицијата вре

Коалицијата Вреди ја дели загриженоста и длабокото разочарување кое ја зафати јавноста по овој договор со една од клучните фигури на корумпираната власт на ДУИ. Овој случај станува симбол на сè што не е во ред со нашиот правосуден систем, и со право граѓаните реагираат со гнев и недоверба – се вели во соопштението на Вреди.