Македонија
14. July 2024 - 16:41

Гори планината Серта – се гасне и од копно, и од воздух

Почна како еден, па се раздели во три правци. На падините на планината Серта петти ден се гаснат пожарите, и од небо и од земја.

Стенд ап: Како се зголемуваат температурите, така се зголемува и пожарот. На терен се полициски службеници, АРМ и национални шуми.

Главните огнени стихии се протегаат во атарот на неготинското село Калањево, општина Конче, а надлежните гаснат и меѓу штипските села Драгоево и Селце.

Денеска минувавме низ патот Неготино-Штип, кој вчера беше целосно затворен за сообраќај. Го пресретнавме големиот пожар над Пепелиште. Камерата регистрираше изгорени дрвја, но и големи пламени јазици и од левата и од десната страна на патот.

Дел од селаните во овој дел се евакуирани, поради големата веројатност на проширање на опасниот пожар.

На помош во гаснењето на пламените јазици се и службите со кои располага Кавадарци.

Активирани се сите воздушни капацитети со кои располага нашата држава.

Жителите на Пепелиште, велат дека не паметат ваков пожар на Конечката планина.Велат дека ќе бидат потребни години за да се врати пеплосаното зеленило.

Поради пожарите, владата донесе одлука за кризна состојба во трање од 30 дена.