-->
-->
На Голак голем црковно-народен собор во чест на „Св.Панталејмон“
-->

Во Туристичко-рекреативниот центар на планината Голак кај Делчево, денеска, се одржува голем црковно-народен собор во чест на православниот празник „Св.Панталејмон“.
Во црквата посветена на големиот народен исцелител и добротвор Св.Панталејмон утрово се одржа утрена богослужба и литургијата, на која присуствуваа стотици верници од Делчево, Виница, Берово, Пехчево, Македонска Каменица и другите населени места од Осоговскиот и Пијанечко-малешевскиот крај, но и бројни соборјани од Словенија, Србија, Бугарија и Турција.
Црковно-народниот собор продолжува со богата празнична трпеза и општонародна веселба, што ќе потрае до вечерните часови.
Синоќа на летната сцена во манастрирскиот комплекс се одржа и 21-то издание на Меѓународниот фестивал „Голачки фолклорни средби„ на кој зедоа учество дваесетина фолклорни групи, ансамбли и културно-уметнички друштва од земјава и странство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цврстите горива и понатаму број 1 причина за аерозагадувањето во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
