На Бангкок му се заканува тонење
На главниот град на Тајван Бангкок му се заканува сериозно тонење и ако не се преземат мерки за спречување на оваа појава по најмногу 15 години делови од градот и околината ќе бидат сериозно загрозени.
Причина за можното тонење на Бангкок се околу 700 згради со повеќе од 20 и над 4.000 згради што имаат до 20 ката. Од нивната тежина налегнува земјиштето кое и сега е најчесто само на два до три метри над морското ниво.
За можните последици и за мерките за запирање на тонењето на Бангкок расправаше Националниот совет за реформи, кој побара владата да формира експертска група која ќе работи на решавање на проблемот. Едно од можните решенија за спречување на тонењето е изградба на систем на брани, сличен на холандскиот. Ваквиот потег за спас на Бангкок би чинел над 160 милијарди долари.
Ново на Сител
-
Урсула Фон дер Лајен на средби со македонскиот државен врв
-
Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си
-
Власта цврсто дека нема предвремени избори, СДСМ вели: Знаат дека губат гласови
-
Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица за политичкото рекламирање
-
Проекти и ветувања на кандидатите за град Скопје
-
Локални избори
-
Неврологот Игор Кузмановски ќе плати казна од 500 евра бидејќи работел без лиценца
-
Со млаки радијатори почна грејната сезона во Скопје