МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани титулата
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа вечерва на гостински терен ТФТ со 77-53 и со 3-1 во финалната плејоф серија до три победи ја одбранија шампионската титула.
Бранителот на титулата доминираше од самиот почеток во четвртиот натпревар во СРЦ „Кале“ и откако на средина од втората четвртина имаше предност од највисоки +24 (37-13), на полувреме водството изнесуваше 19 поени разлика (44-25).
Кошаркарите на ТФТ внесоа доза на неизвесност во натпреварот кога во финишот на третата четвртина ја преполовија негативата на 40-50, но МЗТ Скопје Аеродром одговори со серија од 9-3 и до крајот на натпреварот ја задржа убедливата предност за шеста шампионска титула во последните шест сезони во македонското кошаркарско првенство
За МЗТ Скопје ова е вкупно 12 шампионската титула, додека ТФТ загуби во своето прво финале во клупската историја.
Најефикасни во редовите на МЗТ Скопје Аеродром беа Војдан Стојановски со 17 и Едвин со 15 поени, додека Зафиров и Гринли со по 11 поени беа најистакнати во составот на ТФТ.
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур