МВР објави листа на физички и правни лица на кои не може да им се достават решенија за прекршоци
Министерството за внатрешни работи на својата веб страна денеска објави листа со имиња и презимиња на 35 физички и правни лица на кои не може да им бидат доставени решенија за извршени прекршоци.
– Се повикуваат овие физички и правни лица, во рок од осум дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје -5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР-Сектор за прекршоци на улица „Димитар Туриманџовски“ бр.1 населба Лисиче (до Трговскиот центар)-Скопје, во својство на странки за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 8:30-16:30 часот, на кои согласно член 385 став 3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, доколку не се задоволни од донесеното решение ќе можат да поведат управен спор пред Управниот суд, се вели во објавата на веб страната на МВР.
Доколку лицата не се јават, додаваат, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 385 став 3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати