МВР доби седум нови возила за Одделот за специјални полициски операции
– Во полицискиот центар „Ѓорче Петров“ денеска e извршено примопредавање на донацијата на седум нови возила за потребите на Одделот за специјални полициски операции при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи. На предавањето на донацијата присуствуваа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со дел од раководството на МВР, заедно со заменик амбасадорот на Чешката Република, Лубомир Пшенка.
Како што информираат од МВР, набавката на возилата е спроведена согласно Договор за донација на финансиски средства од Чешката Република и се состои од пет патнички теренски моторни возила, погодни за лоши патишта „Шкода кодиак“ со вредност од 9.863.000 и две возила за транспорт и брзо распоредување, интервентно возило „Рено мастер“ со вредност од 4.399.322 денари.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини