Музалас: Грција за подготвува за можноста за затворени граници, но тоа ќе биде голем проблем
Мораме да бидеме подготвени за можноста за затворени граници, изјави денеска грчкиот министер за миграциска политика, Јанис Музалас за телевизијата Мега.
- Како Влада, се подготвуваме за таа можност, рече тој но додаде дека тоа ќе биде голем проблем затоа што „бројот на бегалци и мигрантите кои ќе бидат заглавени во Грција, ако границите се затворат, ќе изнесува околу 50.000“.
- Оние кои градат огради грешат, со затворањето на границите на Идомени го губиме единствениот начин за контрола на протокот на бегалци во Европа, процени Музалас.
На прашањето за можна вмешаност на НАТО, грчкиот министер рече дека тоа е позитивен развој, под услов Фронтекс и НАТО да патролираат во територијалните води на Турција, да спасуваат бегалци и да ги враќаат назад во Турција.
- Ако тоа е планот, тогаш е добар, изјави тој.
Музалас истакна дека клучот за решавање на проблемот со бегалците е контролирање на приливот на бегалци на турскиот брег и изрази надеж дека европските напори во таа насока ќе успеат. Тој додаде дека Грција врши притисок, бегалците преку фронтекс да се враќаат назад во Турција.
Во меѓувреме, во Пиреја денеска пристигнаа два фериботи со 1.295 бегалци и мигранти од Хиос и Митилена.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите