Муцунски: Ништо не е пуштено во Софија на амин, секогаш ќе ги штитиме македонскиот јазик, идентитет и историја

Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во одговор на прашање од пратеникот Реџеп Исмаил за заклучоците од работата на Мешовитата комисија за образовни историски прашања со Бугарија.
Муцунски во одговорот рече дека можеби е случајност „координираниот напад кон него од бугарскиот копретседавач со Комисијата Ангел Димитров и пратеникот“.
-Сосема изненадувачки за мене е што во рок од неколку дена прашањето за работата на мешовитата комисија и политички напад врз мене насочи копретседавачот од бугарска страна, Ангел Димитров, и вие. Можеби е случајност, коордиоиниран напад кон МНР од Ангел Димитров и Реџеп Исмаил. Некои велат во политиката не треба да верувате во случајност но јас ќе одберам добра верба дека ова е случајно координиран напад, рече Муцунски.
Шефот на дипломатијата повтори оти верува дека Комисијата треба да биде водена од поединци кои импутот кој ќе го внесат е базиран на нивни научни познавања, знаења и факти и оти секој политички одговор што тој би го дал би се сметало како влијание врз Комисијата.
-И од таа гледна точка верувам дека Комисијата во овој состав ќе продолжи да работи независно базирано на факти. Кога цените како се поставила нашата надворешна политика ќе видите дека секогаш велиме дека не сме за отстапки по секоја цена и дека клучно прашање кога го земаме во предвид одлучувањето во однос на сите политочки прашања поврзани со Бугарија се зашитата на македонскиот идентитет, културна посебност и историја. Точно е дека од другата страна на границата постојат поединци кои сакаат да ја негираат нашата историја, идентитет и јазик, но затоа гледате дека ние повеќе од година и половина сме цврсто поставени по однос на овие позиции. А по однос на работата на Комисијата таа треба да работи исклучиво врз основа на факти и аргументи и целосно независна и оттргната од влијанието на политиката. Во таа смисла секој политички одговор што јас би го дал би се сметало како влијание врз Комисијата, рече Муцунски.
Смета, како што дополни, „дека Димитров често го прозива сакајќи да го провоцира, да даде некоја политичка констатација за потоа да рече - еве ја македонската Влада директно се меша во академската слобода и независност“.
-Верувам дека тоа не било вашата намера, дека сте биле доборнамерен и ве интересира какви се позициите на Владата. Еве ви велам Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскот идентитет, јазик и историја, истакна Муцунски.
Пратеникот Исмаил, искоментира дека министерот „се обидува да ја избегне политичката одговорност со тоа што Комисијата ја гледа како некоја научна и академска работа“.
-Верувајте, во нејзината поставеност во сите документи, и последниот протокол и францускиот предлог и Договорот за добрососедство нејзините заклучоци имаат иманентни политички последиици. Се работи за суверенитетот кој е политичко прашање. Вие не можете да кажете дека не се мешате во комисијата, рече Исмаил.
Тој му постави прашање на министерот и „По кој основ ги пратил на цензура учебниците за петто и шесто одделение во Бугарија?“, што Муцунски го оквалификувано како „дезинформација и лажна вест“.
-Ништо не е пуштено во Софија на амин. Тоа е дезинформација, лажна вест. Нашите државни институции не пуштиле ништо, ниту учебник, ниту докумет во Софија на т.н амин. Не се случило такво нешто, наведе шефот на дипломатијата.
Точно е, посочи, дека треба да имаме дијалог со сите наши соседи и оти треба да работиме на затворање на сите отворени прашања, но точно е и дека не смееме и немаме право да го правиме тоа по секоја цена и на штета на нашите национални интереси.
-Целосно верувам дека професорот Ѓеоргиев заедно со неговиот тим знаат како треба да функционират, а тоа е - слободно, независно и врз основа на знаењета и фактите кои тие ги имаат на располагање. Тоа може да биде комисија која ќе работи долги годни и нема да постигне заклучок, ќе дискутира, ќе дебатира по однос на одредени прашања и природно ќе има развој на настаните кој може нема да биде секогаш на задоволство на другата страна. Но. тие дискутиарат врз основа на историски факти и нивните научн и поснзвања. Знам дека би биле најсреќни да се докаже дека вашата теза е точна, дека ВМРО-ДПМНЕ направило отстапка, но набројте една отстапка од таква природа што е направена во последната година, рече Муцунски, дополнувајќи дека верува оти пратениот не е кординиран со историчарите во Софија.
Исмаил, во коментар на одговорот од министерот рече дека нема никава координација и оти има поддршка од него а ќе ја обебзеди и од Левица „против ваквите агресиони напади на македонскот јазик и идентитет поради што и предлага да државава да се повелече од комисијата.
МИА
Ново на Сител
-

Шефот на германската дипломатија пристигна во Скопје на средба со министерот Муцунски
-

Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-

Студентите можат да аплицираат за ваучер од 250 евра за нов компјутер
-

Утре почнува судењето за “Пулс” - едно од најкомплицираните судења во македонската историја
-

Надзорна расправа за Кочани: Власта го прифати барањето на опозицијата уште пред да биде поднесено
-

Шефот на германската дипломатија Вадефул попладнево доаѓа во Скопје
-

Опозициски пратенички прашања: Бугарија, ИПАРД афера, извештај на ЕК
-

Петмина кандидати за претседател на ДКСК ги поминаа интервјуата во Собрание
