Општина Ново Село започнува проект за дигитализација на сите општински услуги
Општина Ново Село започнува проект за дигитална трансформација преку кој сите општински услуги ќе бидат достапни во дигитална форма. Иницијативата се реализира со поддршка на Министерството за дигитална трансформација и е дел од пилот проект за модернизација на локалната самоуправа и приближување на услугите до сите граѓани. Градоначалникот Ѓорге Божинов вели дека новите дигитални решенија ќе им овозможат на граѓаните да ги добиваат сите потребни документи и административни услуги само со неколку клика, без да доаѓаат физички во општината. Првите дигитални документи се очекува да бидат издадени напролет.
Паралелно, општината започнува и проектот за отворање тренинг центри во основните училишта со цел учениците од руралните средини да имаат еднаков пристап до современа ИТ технологија и софтвер базиран на вештачка интелигенција. За овој проект е предвиден буџет од околу 3 милиони денари.
За полесен пристап до услугите, Општина Ново Село веќе отвори подрачна канцеларија на министерството за земјоделие и подрачна канцеларија на матичната служба. Наскоро ќе започне со работа подрачната канцеларија на агенцијата за катастар, а во план е и отворање на канцеларија на министерството за труд и социјална политика, демографија и млади.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар
