МОСТ: Отворањето на гласачките места без регистрирани проблеми
Отворени се сите гласачки места на кои Граѓанската асоцијација МОСТ има распоредено свои набљудувачи и тие немаат проблеми при набљудување на процесот. Отворањето на гласачките места помина без регистрирани проблеми. Гласачкиот материјал е доставен на сите гласачки места, а уредувањето на гласачките места е на начин што ја запазува тајноста на гласањето.
Ова на денешната прва прес-конфернеција го соопшти извршниот директор на ГА МОСТ Дарко Алексов.
Тој информира дека досега регистрирале два случаја. Првиот се однесува на гласачкото место 0631 во село Прибилци во општина Демир Хисар, каде на влезот во објектот каде е сместено гласачкото место има графит со навредлива содржина.
- На гласачкото место 1767 во село Рич, општина Струмица гласањето било прекинато во период од 50 минути затоа што УВ-лампите не функционирале. По интервенција на ОИК гласањето продолжило во 8:30 часот, рече Алексов.
Тој ги повика граѓаните доколку забележат евентуални нерегуларности или, пак, сакаат да дадат информации поврзани со процесот тоа да го сторат на бесплатната телефонска линија 080 080 080.
Тој најави дека потврдени информации од набљудувањето на денот на референдумот МОСТ ќе ги соопшти во уште три наврати, во 11:15 часот, во 17:15 и во 19:15 часот, а дополнително ќе биде објавен терминот на последната прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите.
МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33 отсто од вкупниот број на гласачки места во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност