-->
-->
Москва: Руските трупи го зазедоа украинскиот град Изјум
-->
Руските трупи претпладнево презедоа „целосна контрола” врз украинскиот град Изјум, изјави во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесе ДПА.
Сè уште нема потврда од украинската страна.
Градот во источна Украина беше под опсада со денови. Пред војната имал околу 48.000 жители.
Според руското Министерство за одбрана, во текот на изминатата ноќ се погодени повеќе од 60 украински воени објекти.
Вкупно, 202 украински системи за противракетна одбрана, 257 беспилотни летала и повеќе од 1.500 тенкови и други оклопни борбени возила се уништени од почетокот на војната пред еден месец, соопшти Министерството.
Информацијата не може да се потврди независно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026
-

Министерот Муцунски во неколкудневна посета на Литванија
-

Пожарот во станбените блокови во Хонг Конг однесе најмалку 44 жртви
-

Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-

Во Белград запленети 12 килограми кокаин
-

Папата Лав XIV ќе ја посети Турција
-

Без вода корисниците од улицата „Даме Груев“ до Рекорд
-

Облачно со повремен дожд, температурата до 11 степени
