Loading Video...
Свет
27. November 2025 - 12:26

Преглед на вестите од светот

Пукањето врз припадници на Националната гарда е терористички напад, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

-Министерството за внатрешна безбедност вели дека напаѓачот пристигнал во САД од Авганистан во 2021 година, рече шефот на државата. „САД треба повторно да ги проверат сите странци кои влегле во САД од Авганистан за време на поранешниот претседател Џо Бајден“, нагласи Трамп. Претседателот рече дека наредил распоредување на уште 500 војници на Националната гарда во Вашингтон. Двајцата војници на Националната гарда на САД кои беа застрелани вчера во близина на Белата куќа се во критична состојба, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател, на прес-конференција.

Огромниот пожар во станбен комплекс во Хонг Конг, загинаа најмалку 44 лица, а речиси 300 се водат како исчезнати. Причината за пожарот се можеби небезбедни скелиња и пенасти материјали што се користат за време на работите за одржување, соопшти полицијата во четврток утрово или како што појаснуваат пожарот е предизвикан од „грубо небрежна“ градежна фирма што користи небезбедни материјали.

Пожарникарите продолжуваат со гаснење на пожарите, а голем е бројот на евакуирани лица. Работејќи во текот на ноќта, пожарникарите се бореа да стигнат до жителите што потенцијално се заробени на горните катови од станбениот комплекс.

Утрово, властите соопштија дека го ставиле пожарот во четири блока под контрола, а операциите продолжуваат во три блока. Се смета дека бројката на луѓе кои живееле во целиот комплекс е приближно 5.000. Меѓу загинатите има и пожарникари, а 45 од нив се пренесени во болница.

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Софија во среда вечерта за да протестираат против предложениот буџет на владата за 2026 година. Демонстрантите се соочија со полицијата која соопшти дека тројца полицајци се повредени.

Организаторите на протестот ги наведуваат повисоките даноци и плаќањата за социјално осигурување меѓу причините за демонстрациите, објавија локалните медиуми. Се проценува дека бројката на демонстранти било околу 20.000.

На фронтот во Украина борбите продолжуваат, а украинските команданти напоменале дека немаат доволно војници за да спречат мали, постојани упади на Покровск. Русија соопшти дека нејзините вооружени сили нападнале украински енергетски и транспортни објекти, додека Украина извести за напади врз руска фабрика што произведува компоненти за ракети истиот ден.

Руските воздушни одбранбени сили собориле шест наведувани воздушни бомби, четири ракети HIMARS од американско производство и 154 беспилотни летала со фиксни крила.

Украински беспилотни летала нападнаа команден пункт во Василовка во Запорошката област и нападнаа место за собирање на руски војници во правец на Покровск.