-->
-->
Москва: Руските трупи го зазедоа украинскиот град Изјум
-->
Руските трупи претпладнево презедоа „целосна контрола” врз украинскиот град Изјум, изјави во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесе ДПА.
Сè уште нема потврда од украинската страна.
Градот во источна Украина беше под опсада со денови. Пред војната имал околу 48.000 жители.
Според руското Министерство за одбрана, во текот на изминатата ноќ се погодени повеќе од 60 украински воени објекти.
Вкупно, 202 украински системи за противракетна одбрана, 257 беспилотни летала и повеќе од 1.500 тенкови и други оклопни борбени возила се уништени од почетокот на војната пред еден месец, соопшти Министерството.
Информацијата не може да се потврди независно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

До недела облачно со дожд, а на планините снег
-

Путин предлага голема програма за опремување на ОДКБ со руско оружје
-

Меколи Калкин има идеја за продолжение на „Сам дома“
-

Осомничениот за нападот кај Белата куќа соработувал со ЦИА во Авганистан
-

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана и дигитална вага
-

Победа на Силвио Мировски и обезбеден бронзен медал на Светското кикбокс првенство
-

Трамп: Пукањето врз припадници на Националната гарда е терористички напад
-

Единаесет мртви во железничка несреќа во југозападна Кина
