Пожарот во станбените блокови во Хонг Конг однесе најмалку 44 жртви

Најмалку 44 лица загинаа во големиот пожар што зафати неколку станбени блокови во Хонг Конг. Уште 45 се во тешка состојба, а 279 жители сè уште се водат како исчезнати, соопштија властите рано утрово.
Трагедијата избувна во комплексот Ванг Фук Корт во областа Таи По. Пожарот беше прогласен за вонредна состојба од највисоко ниво, неколку часа по алармот што се огласи вчера попладне. Причината сè уште не е позната, а властите отворија истрага и најавија проверка на безбедносните стандарди околу скелето и мрежите поставени за реновирање.
Според „Саут Чајна Морнинг Пост“, уапсени се три лица под сомнение за убиство од небрежност. Меѓу загинатите е и пожарникар кој подоцна им подлегнал на повредите.
Пожарот зафатил седум згради од комплексот, кој брои осум висококатници со речиси 2.000 станови. Противпожарните служби добиле голем број повици од жители заробени во своите домови, а стотици припадници на службите за итни случаи биле мобилизирани.
Жителите од околните блокови беа предупредени да ги затворат прозорците и да ја избегнуваат областа. Властите отворија телефонска линија за информации за жртвите, а околу 900 лица побарале засолниште во привремените центри подготвени од градот.
Ново на Сител
-

Пожарот во станбените блокови во Хонг Конг однесе најмалку 44 жртви
-

Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-

Во Белград запленети 12 килограми кокаин
-

Папата Лав XIV ќе ја посети Турција
-

Без вода корисниците од улицата „Даме Груев“ до Рекорд
-

Облачно со повремен дожд, температурата до 11 степени
-

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе го одржи петтиот партиски конгрес
-

Прегазен пешак во центарот на Скопје
