-->
-->
Москва, Белград и Атина кандидати за организација на кошаркарскиот Ф4 во 2018 година
-->
Главниот град на Русија, Москва, српската престолнина Белград и грчкиот главен град Атина досега поднеле кандидатура за добивање на организацијата на „Фајнл фор“ во кошаркарската Евролига за 2018 година.
Првиот човек на елитното натпреварување, Жорди Бертомеу соопшти дека во скоро време ќе биде одлучено каде ќе се игра завршниот турнир по две години.
- Имаме многу добри разговори со Белград, Москва, Атина и некои други градови. Тоа е потребно за да се усогласат термините и да се разгледаат условите што ги нудат градовите кандидати за домаќини. За среќа, Ф4 е настан кој го посакуваат многу градови и се надевам дека наскоро ќе објавиме каде ќе со одржи турнирот, истакна Бертомеу.
Финалниот турнир на Евролигата во 2017 година ќе се одржи во Истанбул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт
-
Најавени нови инвестиции во ТИРЗ Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Претседателката на ДКСК во Обвинителството