МОН и УНИЦЕФ потпишаа Годишна програма за соработка

Министерката за образование и наука, Рената Дескоска и претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, ја потпишаа Годишната програма за соработка за 2018 година.
Станува збор за годишна програма преку која УНИЦЕФ ќе го поддржи Министерството за образование и наука и другите релевантни институции во заедничките напори за подобрување на квалитетот на образовниот систем.
Програмата за годишна соработка предвидува поддршката да биде насочена кон подобрување на системот за обезбедување квалитет преку спроведување на анализа на пристапите за оценување и евалуација во земјата, зголемување на капацитетите на училишното раководство и поттикнување на конкурентност кај младите луѓе.
УНИЦЕФ ќе обезбеди поддршка во развoj на стратегии за воведување на образование коешто ќе придонесе за градење вредности кај младите и за професионален развој на наставниците за примена на нови наставни приоди и методологии.
Активностите, исто така, ќе бидат насочени кон поддршка на стекнување знаења и вештини на клучните учесници во образованието и подигнување на свеста за важноста на учеството на децата, семејствата и заедниците во инклузивно и квалитетно образование.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски со мрежа ќе го брани Вардар од отпад и загадување - Комунална хигиена останува под Град Скопје
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Не се намалува бројот на сообраќајки во главниот град – Дневно Брзата помош интервенира на 3-4 несреќи
-

До крајот на годината работниците ќе добијат по 18.140 денари К-15, административците 12.372 денари
-

Државата времено ги суспендираше плаќањата од ИПАРД 3 додека трае истрагата за Стоилев
-

Видео снимки од „ПИ“ мерки на судењето за поткуп во Клиниката за геријатрија
-

Заврши 72-часовната генералка на Скопје
-

Јаневска побара превод од Касами, од Вреди реагираат дека требало да знае албански
