МНР: Двајцата наши државјани се безбедни, сместени се во болница на Црвената полумесечина
Двете Амбасади на Република Северна Македонија, во Каиро и во Тел Авив, се во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и на Израел, со цел евакуација на двајцата наши државјани, брачен пар, кој се наоѓа во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин Рафах.
Како што информираа денеска од МНР, парот е сместен во болница на Црвената полумесечина и во моментот е на безбедно.
- Со посредство на нашите ДКП-а, ставени се на официјалната листа за евакуација и се чека да бидат создадени услови за нивна евакуација, што во најголема мерка зависи од состојбите на терен, кои во моментот не може да се предвидат. Остануваме во секојдневна комуникација со нив, се до нивно евакуација на безбедно, соопштија од МНР.
Во меѓувреме, потенцираат од МНР, работиме на идентификување и прибирање податоци за евентуално други наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа, за што уште еднаш потсетуваме на нашите контакти: СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Кајро +201033615542
Ново на Сител
-
Скопје 4-ти на неславната листа на најзагадени градови во светот
-
Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија
-
Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина
-
Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години
-
Германската компанија „Костел“ започнува трета фаза од инвестицискиот циклус
-
Шести обид бугарскиот Парламент да избере претседател
-
На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан
-
На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници