Младо момче прегазено на патот Тетово -Јажинце

Пешак од Слатино на возраст од неполни 18 години се здобил со тешки повреди во сообраќајната несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Тетово - Јажинце во селото Слатино, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според Јосифовски, пешакот бил удрен од автомобил „Ауди“ со тетовски регистерски таблици којшто без возачка дозвола го управувал Б.С.(28) жител исто така на Слатино.
- Во несреќата пешакот задобил тешки телесни повреди на главата и градниот кош и со друго возило бил пренесен во Тетовската клиничка болница од каде по укажана лекарска помош со медицинско возило итно бил префрлен на скопските клиники. Таму е задржан за натамошно лекување и се наоѓа надвор од животна опасност, изјави Јосифовски.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид и се утврдува причината за несреќата, околностите во кои се случила и друго додека возилото е времено одземено за соодветна проверка и обработка.
Според полициската статистика, во текот на минатата година во Полошко вкупниот број на сообраќајни несреќи со пешаци изнесува 90 при што седум лица загинале, 22 се тешко, а 69 се полесно повредени.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема преговори со Мерко за поддршка во Струга, тој е на црна листа
-

Уште 5 дена од кампањата за вториот круг, кандидатите за градоначалници и денеска на терен
-

Петар Јанков и официјално ја презеде градоначалничката функција
-

11 месеци затвор за таткото кој нападна малолетни фудбалери на натпревар во Штип
-

МВР ја заокружи летната сезона на апсење пиромани: Поднесени се пријави за 45 лица во врска со пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски демантира дека Рамиз Мерко влегува во Владата
-

До среда СДСМ ќе донесе одлука кои општини ќе ги поддржи во вториот круг
