Мисајловски: Власта кога е фатена во тесно крив е или народот или некој друг, само власта никогаш не е крива

Поради задоцнетите вакцини граѓаните престанаа и да веруваат во вакцинација и во мерките. Мерките кои ги воведе власта доведоа до терет кај сите граѓани, да не веруваат во самиот систем. Апелирам да се почитуваат сите мерки, но премногу е конфузно она што се случува, рече Владо Мисајловски во Тема на денот на Сител Телевизија.
Мисајловски потенцираше дека не треба политичарите да зборуваат за мерките за ковид пандемијата, туку дека најдобрите и најквалитетните луѓе да седнат и да помогнат за да се подобри состојбата во државата.
-Јас како политичар не треба да го говорам ова, туку треба најквалитетните луѓе да седнат и да бидат прифатени од министерството за здравство и да помогнат. Не треба политичарите да кажуваат што и како треба да се прави во оваа пандемија, туку нека дојдат најдобрите луѓе, независно од која партија се или да не се од партија, бујрум нека помогнат. Така се гради држава, за вакви прашања треба да ги прашате тие што се квалитетни и тие што најмногу знаат, рече Мисајловски.
Мисајловски објасни дека најнеодговорно нешто што може да го направи една власт е да префрла дека народот е неодговорен. Дополни и дека не може народот да им биде крив за се, и дека често пати кога власта е фатена во тесно крив е или народот или некој друг, само власта никогаш не е крива.
Во однос на вакцинацијата Мисајловски вели дека е вакциниран и тој и целата негова фамилија и смета дека народот треба да се вакцинира, но исто така ги разбира и тие луѓе кои не можат да прифатат да се вакцинираат и не може некој на сила да се натера да се вакцинира.
Ново на Сител
-

Вардар подобар од Брера на гостувањето во Струмица
-

ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови
-

Сопственик на фирма од кавадаречко оштетен за 80 илјади денари, измамен преку хакирана електронска пошта
-

Патничка повредена при судир на автомобил и автобус кај Струга
-

Во Струга приведен крадец баран за затворска казна од три години
-

Поетот Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани добитници на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година
-

Штети и проблеми од невремето во западна Грција и на островот Крф
-

ЦУК: Од обилните дождови поплавени домови, земјоделски површини и патишта
