Мисајловски: Избори се потребни, кога и да се случат ќе победи опозицијата
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски смета дека предвремени парламентарни избори се потребни и дека кога и тие да се случат ќе победи опозицијата.
Во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“, Мисајловски рече дека СДСМ и ДУИ се плашат од избори и дека со новата влада ќе се обидат да ги задржат позициите.
– Вчера ги погледнав последните мерења и анкетите, ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат избори, ќе има предност во пратеници од било која партија во Македонија, опозицијата здружена ќе победи на следните избори кога и да се случат, затоа власта бега од избори и сета оваа магла со давањето политичка пензија на Зоран Заев е за задржување на позициите од власта и да сокријат се што правеле досега, со навидум нова влада, со истите луѓе, рече Мисајловски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вчера побара предвремени парламентарни избори во мај или јуни и формирање на техничка влада во феверуари или март.
Ново на Сител
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ