Мисајловски: Грижата за правата на вработените во Армијата и Министерството не е само обврска, туку и вредност што нѐ води кон силна и модерна одбрана
По повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, министерот за одбрана Владо Мисајловски упатува честитка до сите вработени во Министерството за одбрана и сите воени и цивилни лица во Армијата.
- Честит 1 Мај — Меѓународниот ден на трудот! Упатувам искрени честитки до сите вработени во Министерството за одбрана и сите припадници на Армијата, воени и цивилни лица. Вашиот труд, професионализам и посветеност кон службата во Армијата и работата во Министерството се темел за успехот и развојот на нашата институција. Вашата одговорност, иницијатива и секојдневен ангажман се препознаваат и високо се ценат, истакнува Мисајловски во честитката.
Тој потенцира дека како министер и човек останува посветен на унапредување на условите за работа, почитување и вреднување на правата и можностите за професионален развој.
-Грижата за правата на вработените во Армијата и Министерството не е само обврска, туку и вредност што нѐ води кон силна и модерна одбрана. Со отворен дијалог и заедничка посветеност со Синдикатите, продолжуваме да ја унапредуваме положбата на секој еден вработен во одбраната и припадник на македонската Армија, истакнува министерот Мисајловски во честитката.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на Уставен за Медресата во Кондово