Министерот Јашари во Софија се сретна со бугарскиот колега Иванов
Министерот за правда Аднан Јашари во Софија имаше средба со неговиот бугарски колега Христо Иванов.
На средбата, како што соопшти денеска Министерството за правда, Јашари и Иванов размениле искуства за поставеноста и функционирањето на судските системи во двете држави.
Двајцата соговорниви разговарале за законската и институционална поставеност и надзорот над нотарите, извршителите и медијаторите, за законските решенија за унифицирање на судската пракса, како и за условите за избор, унапредување и разрешување на судии и јавни обвинители.
Јашари го информирал бугарскиот колега за новодонесените закони во сферата на правосудството кои се во насока на инкорпорирање на најновите европски и меѓународни стандарди.
Двајцата министри се согласиле дека е потребна ефикасна и успешна билатералната соработка во областа на правосудството меѓу двете држави за што во претстојниот период ќе се иницира формирање на работни групи и започнување на преговори за склучување на билатерални договори за меѓусебна правна помош во кривичните предмети, како и договор за екстрадиција.
Министерот Јашари во оваа пригода посочил дека покрај билатералните средби во земјите од Западен Балкан: Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија и Косово, ќе продолжи со работни посети и билатерални средби со министрите за правда и во останатите земји во регионот, како и во земјите членки на Европската унија. Работните посети, како што е наведено во соопштението, се во насока на зајакнување на билатералната соработка, размената на искуства и решавањето на идентификуваните слабости во сферата на правосудството и борбата против корупцијата со цел приближување на македонското национално законодавство кон законодавството на Европската унија.
Ново на Сител
-
Диско-гел, нова метода на третман на дискус хернија во болницата ,,8 септември"
-
Јаневска: Наставникот ќе одлучи дали да се користат телефони на часот, одлуката за нивна забрана ја носат општините
-
Од утре попладне дожд на пониските и снег на повисоките места
-
Велешанец во Аеродром пробал да ја силува во возило, побегнал откако таа го мавала со раце и нозе и гласно викала за помош
-
Мицкоски на седница ќе предложи супер-маркетите јавно на своите веб страници да ги објавуваат цените на производите
-
Успешна ендоскопска трансназална операција на државната неврохирургија
-
Детали од МВР за вчерашната сообраќајка кај Мислешево
-
Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година