Мицкоски на седница ќе предложи супер-маркетите јавно на своите веб страници да ги објавуваат цените на производите

Се разгледуваат неколку мерки за да се намалат цените на производите, но одлуката ќе се донесе по брифингот и анализата на Државниот пазарен инспекторат на денешната Владина седница, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашање за тоа кои мерки ќе се донесат за да се намалат цените на производите.
Тој информира дека една од мерките која тој лично ќе ја предложи е ланците на супер маркети на своите веб страници да ги објавуваат цените на производите.
-Навистина не би сакал да шпекулирам, но еве една којашто би сакам да ја кажам и да ја предложам на Влада е да сите ланци на супер маркети, хипер маркети да имаат јавна веб страна, транспарентна на којашто ќе ги објават сите цени, на сите производи коишто ги имаат во своите маркети,за да можат граѓаните да видат јасно колкави се цените, и тие самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот и да ги следиме ние тие трендови и да правиме некаков хистограм на движење на тие цени, изјави Мицкоски.
Прашан зошто реагира за методологијата за минималната потрошувачка кошничка, премиерот Мицкоски одговори дека потрошувачката кошничка за првпат е воведена во 2010 година, кога Владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ.
-Така што јас не би го поделил периодот кога сме биле ние на власт или опозиција и не би сакал на тоа ниво да го сведеме разговорот, а што се однесува за промената на новата методологија од декември 2023 година ние не сме ја имале на увид, откако ја добивме на увид разговаравме најпрвин со синдикатите. Ние не излеговме во јавност од сето тоа да правиме естрада со сето тоа. Разговаравме со синдикатите и кога ќе забележите внатре кои производи се вклучени, тогаш навистина се збунувате. Збунувачки делува, бидејќи дел од производите граѓаните не ги користат или не ги користат во тој обем, рече Мицкоски.
Тој посочи дека не знае колкава ќе биде реалната потрошувачка кошница.
-Можеби ќе биде поголема, односно цените ќе бидат повисоки, нема да бидат пониски. Но, навистина да создадеме таква потрошувачка кошничка, минимална зборам, којашто навистина ја користат граѓаните, бидејќи оваа мислам дека не е минимална потрошувачка кошничка, додаде Мицкоски.
Ново на Сител
-

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“
-

Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи
-

Разговорите со ЕУ се одолговлекуваат без договор за климатските цели
-

Автопатот Велес - Градско затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско - Дреново
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

СВР Битола апелира битолчани да не наседнуваат на телефонски измами
-

ОЈО: Истрага за сообраќајната несреќа во која загина велосипедист
-

Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 121
