-->
-->
Минимална победа на Пелистер во дуелот со Шкупи
-->
Екипата на Пелистер забележа минимална победа над Шкупи со 1-0 во воведниот натпревар од 33.коло на Првата македонска фудбалска лига.
На средбата одиграна попладнево во Битола, стрелец на единствениот гол, победнички за домашниот тим, беше Бразилецот, Фернандо Силва Дос Сантош во последната (45) минута од првото полувреме. Пелистер можеше да стигне и до втор гол, но обидот на Гоце Тодоровски од слободен удар од околу 45 метри заврши во пречката.
Преостанатите четири натпревари на програмата се утре во терминот од 16 часот и 30 минути.
Дербито е на арената „Филип Втори“ каде ќе играат скопските ривали Работнички и Вардар.
На другите три средби ќе играат: Ренова - Силекс , Македонија ЃП – Шкендија и Брегалница – Победа.
Табела: Вардар 75 бодови, Шкендија 62, Работнички 52, Пелистер 51, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 32, Брегалница 21 и Македонија ЃП 19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур