ФИФА: Продадени повеќе од еден милион влезници за СП2026
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека се продадени повеќе од еден милион билети за Светското првенство, кое ќе се одржи идното лето во САД, Канада и Мексико.
Најголема побарувачка е регистрирана од навивачи во трите земји домаќини, а билети купиле навивачи од 212 различни држави и територии, иако досега се познати само 28 од 48 учесници на мундијалскиот турнир од 11 јуни до 19 јули идната година.
ФИФА објави дека Англија, Германија, Бразил, Шпанија, Колумбија, Аргентина и Франција се меѓу првите 10 земји според бројот на купени билети.
„Додека националните тимови ширум светот се натпреваруваат за место на историското Светско првенство, воодушевен сум што толку многу фудбалски фанови сакаат да бидат дел од натпреварувањето во Северна Америка. Тоа е неверојатен одзив и прекрасен знак дека најголемото, најинклузивно Светско првенство во историјата ја освојува имагинацијата на навивачите“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
МИА
Ново на Сител
-
Зеленски: Договорот за Газа е добар моментум за завршување на војната во Украина, ни треба мир
-
Трамп: Средба во Будимпешта само со САД и Русија, но ќе бидеме во контакт со Украина
-
МКС очекува апсење на Путин на пат кон Унгарија
-
71-годишна жена измамена со лажна сообраќајна несреќа за сума од 36.300 евра
-
Путин го свика рускиот Совет за безбедност за да го информира за разговорот со Трамп
-
Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето
-
Жена во Карош со автомобил удрила во автомобилот на партнерот, па му ги дупнала гумите и физички го нападнала
-
Непознато лице од автомобил пукало кон дом во Ѓорче Петров, пронајдени две зрна и оштетување во домот