Милошоски: Убедливо победуваме, по 20 години ќе добиеме градоначалник во Струмица
„ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг ќе победи во Кисела Вода, во Гази Баба, во Ѓорче Петров, Аеродром, во Охрид, во Ресен, во општина Градско, општина Јегуновце, општина Василево,
општина Радовиш.
Градоначалник исто така ќе задржиме во општина Штип. Ќе добиеме градоначалник во општина Струмица после 20 години, а градоначалници исто така ќе имаме во општина Босилово, општина Вевчани, општина Ново Село и победа во општина Прилеп.
Иако и овие споменати општини, ќе напоменам, ова се прелиминарни резултати каде што тенденцијата укажува дека би ги добиле градоначалниците уште во првиот круг.
За Скопје очекувањето е дека ќе имаме убедлива предност, нашиот кандидат би имал убедлива предност, но само прашање е дали ќе успее да добие неколку илјади гласови. Можеби тие ќе одлучуваат дали ќе имаме успех и добивање на градот Скопје во првиот изборен круг или можеби ќе недостигаат неколку илјади гласови за да се оди во вториот изборен круг, но во секој случај разликата помеѓу првопласираниот Орце Георгиевски и кој да е второпласиран ќе биде недостижна.“, изјави Милошоски.
Ново на Сител
-
Трета Меѓународна конференција за фриленсери
-
Вакцинални тимови од наредната недела ќе одат во домови за стари лица за имунизација против грип
-
Медицинските сестри се соочуваат со низа проблеми
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово