Милошоски: Кастриот би бил одличен избор за позицијата амбасадор во САД
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во Фејсбук статус утринава напиша дека пратникот Кастриот Реџепи кој не се појави на гласањето за (не)доверба на Владата, би бил, одличен избор за позицијата амбасадор во САД.
„Пост-изборната политичка криза, во која премиерот го загуби легитимитетот, од друга страна испрофилира нов лик кој моментално има најсилен легитимитет за амбасадор во Вашингтон. Тоа е Кастриот Реџепи. Бидејќи според Кастриот срцето веќе му било акредитирано во Вашингтон, тој би бил одличен избор за позицијата амбасадор во САД, како сериозна замена за промашениот анти-западен избор Фрчкоски, кого Заев го сака, но Америка не го сака. Дополнително, после неговиот ФБ статус "Гад блес Америка" сигурно и Бујар Османи, и Претседателот Пендаровски се убедени дека Кастриот е подобар кандидат за Вашингтон и од Шеќеринска, и од Теута Арифи. Кастриот докажа дека е човек што знае да пресече, знае дискретно да исчезне, да се вклучи лајфстрим на ФБ од тајна локација, а тоа се вештини што многу ќе му користат во дипломатијата“, истакна Милошоски во статусот на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Поради дефект без вода дел од Сопиште
-
Халкбанк ја започнува акцијата „Еден милион садници за пет години“
-
Украина истрела 84 дронови и 13 ракети врз руската област Ростов
-
Скопје втор најзагаден град во Европа и деветти во светот
-
Денеска се слави Свети Никола
-
Ќе се снимаат игран филм, документарец и ТВ-серија посветени на Тоше Проески
-
Тошковски во Турција на средба со министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, потврдена одличната соработка меѓу братските народи
-
Во Берово и Тетово измерени - 3, во Виница и Крушево 3 степени Целзиусови