Македонија
19. December 2024 - 12:15

Охрид во хумана мисија

Охрид во хумана мисија .Одбележувајќи го месецот на дарување преку предновогодишен базар насловен Новогодишен сон градот ја потикнува креативноста ,хуманоста и солидарноста преку изработка на најразлични украси  и предмети.

Ваквите настани им ја доближуваат на најмладите вистинската магија на празниците, а тоа е дарувањето, емпатијата и солидарноста.

Средствата собрани од продажната акција ќе бидат наменети за разубавување на Новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид.