Младите масовно се иселуваат, истокот старее
Со подобрување на инфраструктурата, јакнење на меѓуопштинската соработка, дигиталната трансформација на општинските услуги и развојот на туризмот, источниот плански регион ќе го поттикне економскиот раст, со цел младите да не се иселуваат и да останат да живеат и работат во своите локални средини.
- Ова е само една од алатките во подобрување на регионалниот развој и секако дека во соработка со останатите институции и централната власт се надевам дека ќе се намали таа тенденција на иселување кое е присутно во ИПР, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип
Податоците од Заводот за статистика покажуваат дека младите од Истокот масовно се иселуваат во странство или мигрираат во други општини и региони од државата каде има повисок стандард.
- Задачата на сите нас како градоначаници е да работиме коегзистентно и да ги намалуваме разликите помеѓу општините кои влегуваат во ИПР, а истовремено да ги намалуваме разликите на ниво на држава, изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани
ЦРИПР во 2025 година ќе работи на новата 5 годишна стратегија за равој на регионот.
- По самите податоци кои пто излегуваат и согласно степенот на развиеност, фокусот ќе биде ставен на животната средина, повторно ќе имаме димензија како младите да ги задржиме во регионот и да ја унапредуваме турстичката понуда, бидејќи туризмот ни е една од основните гранки преку која лесно се промовираме, изјави Зујица Ангелова, директорка на ЦРИПР
Втор проблем е стареењето на населението и немањето капацитети за згрижување на старите лица.
- Со реализацијата на проектот за проширување на домот за стари лица во Берово, решаваме само еден дел од целокупниот проблем. Се надевам дека понатаму ќе имаме енергија и сили за да изнајдеме и средства и начини да финансираме повеќе вакви капацитети, со кои ќе го решиме овој проблем, додаде Папазов
На „Ден на регионот“ беа промовирани конкретните мерки и проекти кои во следниот период ќе бидат реализирани.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар