Мили ја нарече Русија најголема закана за САД
Началникот на Генералштабот на копнените сили на САД Марк Мили, кој неодамна се врати од Киев, ја нарече Русија најголема закана за САД, поради поседување нуклеарно оружје и можноста да го искористи.
- Русија е единствена држава во светот со нуклеарни способности да ги уништи САД, што означува и егзистенцијална закана, наведе Мили на Првиот самит за одбрана одржан во Вашингтон.
- Со неодамнешните однесување, Русија покажа дека ќе биде подготвена да користи таков вид оружје, додаде генералот и напомена дека Русија од 2008 година го крши „вестфалскиот поредок“ со „инвазии врз суверени држави“.
- Ако тоа звучи познато, тоа е затоа што Мили користеше исти фрази во јули пред Сенатот, за време на назначувањето, објави „Раша тудеј“.
Весникот додава дека истата фраза две недели пред него, ја користел во Сенатот и началникот на Здружениот генерал штаб на вооружените сили на САД, Џозеф Данфорд за време на поставувањето на функција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа