Мигрант физички нападнат и ограбен од тројца Пакистанци
Дваесет и тригодишен Пакистанец, кој на 19 јули пристигнал во селото Ваксинце, бил физички нападнат и ограбен од страна на тројца Пакистанци.
Полицијата денеска соопшти дека случајот е пријавен вчера во СВР Куманово од страна на дежурниот во полициската станица Сопот кој информирал дека 23-годишниот А.Ф. изјавил оти бил ограбен од тројца пакистанци кои му одзеле 150 евра.
Од извршениот разговор со него утврдено е дека тој со група мигранти пристигнал во Ваксинце каде бил пречекан од тројца пакистанци кои биле задолжени за пречекување и испраќање мигранти надвор од Македонија. На 21 јули околу 22 часот, тие на сите лица од групата им побарале по 2.000 евра од лице за да ги пренесат преку граница во Република Србија. Бидејќи А.Ф. немал пари, еден од организаторите го нападнал, удирајќи го со два удари по лицето, по што му ги одзел парите и го оставиле. А.Ф. е пренесен во Транзитниот центар - Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур