Мицкоски: За да се случат промени потребен е 61 пратеник
Мојата порака до оние кои се политички неопределени, сега не е време за молчење, сега не е време за да го одседите овој период, а посебно не денот за изборите. Знам дека ќе се обидат да ве убедат дека секако ВМРО-ДПМНЕ победува, зарем до мојот глас е дојдено. До секој еден глас е дојдено, за да ја испишеме историјата до крај, таа историја која ја започнавме во 2021 година на локалните избори. Но, за да ја заокружиме со нова на двојните избори односно на претседателските и парламентарните избори потребна ни е мобилизација. Потребно ни е будење кај секој еден македонски граѓанин кој што не е задоволен од политиките на владата на СДСМ и ДУИ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска пред присутните граѓани во Ресен во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Мицкоски потенцираше дека во државата нема трета опција или Македонија која се развива, или пак ќе бидат дел од друштвото на Ковачевски, Ахмети, Османи, Спасовски или Маричиќ, и затоа повика на мобилизација од страна на граѓаните.
Нема трета опција. Или си за Македонија, развиена и просперитетна, или за жал остануваш во друштвото на Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ и останатите, изјави тој и додаде:
Сега е изборот или со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и се бориш за просперитетна, развиена и европска Македонија или остануваме да тонеме во криминал и корупција која што и денеска е секојдневие во Македонија и резултат на политиките на СДСМ и ДУИ. Затоа ни е потребна мобилизација и секој еден човек да ја пренесе пораката насекаде низ Македонија.
Мицкоски истакна дека еден од носечките проекти на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде токму децентрализација на јавните финансии од централниот буџет кон општините, но како што рече за да се случи трансформација на Македонија и да се подобрат условите за живот на граѓаните потребен е 61 пратеник.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада