Мицкоски: Време е како пред 130 години да се обединиме под знамето на Македонија и да тргнеме напред
„Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, на сите граѓани на Македонија.
23 Октомври е датум кој во нашата колективна меморија е врежан како датум кога за прв пат македонскиот народ се организирал во организација за борба за слободна и независна држава.
Формирањето на МРО, кое подоцна ќе прерасне и во народот ќе остане запаметено како ВМРО е симболот на пркос на Македонецот, воден од желбата за подобро утре.
И денес, како и тогаш на тој 23 октомври 1893 година ни е потребен тој пркос и желба за подобро утре, зошто политиките на власта удираат по темелите на општеството, ја разјадуваат државата и ги бркаат луѓето од своите домови во странство.
Време е како пред 130 години да се обединиме под знамето на Македонија и да тргнеме напред, да и кажеме не, на власта која не турка надолу, и да го реализираме сонот за просперитетна држава.
Ако на основачите на ВМРО им било ВАЖНО формирање на Македонска држава. На нас нивните следбеници ВАЖНО ни е Македонија да биде просперитетна држава, каде ќе владее правото и секоја индивидуа ќе има еднаква шанса за успех. На ВМРО-ДПМНЕ и на мене лично ВАЖНО ни е Македонија да напредува и достигнува нови височини.
Честит 23 Октомври, нека е вечна Македонија“, се вели во честитката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
