Македонија
20. February 2025 - 12:23

Мицкоски во САД

Со средбата со американскиот заменик помошник секретар за Западен Балкан, Александар Касаноф премиерот Мицкоски вчера попладне по македонско време ја почна посетата на САД. Како што напиша Мицкоски на социјалните мрежи со Касаноф разговарале за пречките кои Македонија ги има на патот до Европската Унија како и за целокупната состојба во државата.

Американската амбасадорка Агелер вчера констатираше дека македонскиот премиер за кратко време по трет пат е во САД што е доказ за тоа дека Македонија сака да ги зацврсти односите со стратешкиот партнер. Агелер објасни дека САД не можат да гарантираат помош во процесот на интеграции иако остануваат поддржувачи на европската перспектива.

Според најавите, Мицкоски ќе престојува во Вашингтон до сабота а на неговата агенда е и годишната конференција за конзервативна политичка акција на која ќе има и свое обраќање.