Македонија
24. February 2025 - 16:32

МОН прави чистка во научно образовните установи – затворен уште еден институт од Скопје

МОН затвори уште еден институт поради нерегуларно работење. Се работи за научна образовна установа за биометриски истражувања од Скопје и е осми институ кој е затворен до сега. Министерката вели комисијата проверува и веројатно ќе бидат затворени уште неколку институти. Засега освен оваа мерка, законот не предвидува други санкции но Јаневска најавува измени во регулативата.

Во МОН денеска беа неколкумина директори на училишта кои добиле грант за проекти со кои ќе ги интегрираат учениците од различните етникуми. Вкупно 79 училишта добија финансиска поддршка и ќе реализираат активности со кои ќе ги интегрираат учениците и ќе им помогнат ја запознаат меѓусебно својата култура и обичаи.

Министерката најави дека МОН со следниот конкур ја зголемува поддршката за овие грантови од 30 на 90 000 денари.