Минималецот ќе се зголеми за 2.000, синдикатот не верува дека ќе се исполни нивното барање
Се поизвесно е дека минималецот од март ќе се зголеми за законските 2.000 денари, а не како што бара Синдикатот за најмалку 5.000. Комисијата која треба да ја утврди репрезентативноста на ССМ, се уште не е формирана, а без неа Синдикатот нема легитимитет да преговара. Премиерот најавува нејзино формирање на следната или на некоја друга седница и не гледа причина минималната плата да се утврди истиот месец кога ќе почне и да се применува .
- Минималецот може да се донесе и во март, бидејќи се исплаќа почетокот на април. Ако се заврши со договор меѓу работодавачите и синдикатот, нема никаква дилема, изјави премиерот Христијан Мицкоски
Од Синдикатот песимисити. Не веруваат дека нивните заложби за 450 евра минимална плата, газдите се подготвени да ја исплаќаат. Иако трошоците за живот секој месец се се повиски, најверојатно дека од сегашните 22.567 минималецот ќе скококне на 24.400 денари, или толку колку што предвидува законот, согласно порастот на трошоците за живот и просечната плата.
- Од последниот социо-економски совет, станува се позивесно дека работодавачите и владата нема да исплаќаат поголема минимална плата од 400 евра, односно онолку колку што е соглансо законот, изјави Иван Пешевски, потпретседател на ССМ
Инаку репрезентативноста на ССМ истече на крајот на декември. Без комисија која повторно ќе го потврди нивниот легитимитет, социо економскиот совет, на кој се преговора за зголемување на минималецот, не може да се одржи. , затоа што ќе нема кој да преговара со работодавачите.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар