Македонија
24. February 2025 - 16:39

СДСМ и ДУИ обвинуваат дека Меџити го злоупотребил законот, Мицкоски им врати – доставете докази

ДУИ бара истражните органи да ги прошират истрагите против вицепремиерот Меџити и шефот на неговиот кабинет обвинувајќи дека воделе организиран систем на уцени и корупција во Министерството за животна средина. 

Доверливи извори од Министерството за животна средина потврдуваат дека шефот на кабинетот на Меџити бил клучна фигура во шемата на уцени и мито, вршејќи притисок врз компании и граѓани за секоја административна услуга. Од лиценци и еколошки дозволи до обични бирократски постапки, ништо не поминувало без негово одобрение и без коруптивните шеми водени од кабинетот на Меџити, стои во соопштението од ДУИ.

Премиерот им одговори на интегративците, ако имаат докази за обвинувањата за сторена корупција веднаш да ги достават. Вели имал верба во работењето на Меџити.

По ДУИ и СДСМ со обвинувања дека вицепремиерот Меџити незаконски заобиколувал законски процедури за да можел лично да одлучува. Тврдат дека според објавените документи кои ги добиле од свиркачи, минатиот месец и Државниот управен инспекторат минатиот месец ги одзел ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи. 

По објавените документи, реагираа од Министерството на Меџити, велат СДСМ се обидува да направи тема од постапка која сами ја измислија. Ги повика органите да ги испитаат сите наводи.

Тандемот СДСМ-ДУИ што злоупотреби стотици милиони евра од државата за време на КОВИД-кризата, енергетската и инфлациската криза, тандемот што даде лиценци на 20 фабрики за марихуана, стотици казина во секое маало, со вицепремиери на црни листи, се обидува да создаде тема од една административна постапка која самата СДСМ со ДУИ ја имаат поставено и која ние ја елиминираме. Министерството за животна средина и просторно планирање е транспарентно и отворено за секое истражно тело или медиум што сака да ја провери ситуацијата., се вели во реакцијата.

Опозициската СДСМ ги повикаа Антикорупциска и Јавното обвинителство веднаш да отворат истрага за Меџити.