Мицкоски: Во Благоевград одам да дадам поддршка на Македонците во Бугарија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред денешниот настан во хотел Хилтон „Политички дијалог на ЕПП - партиите од регионот“ одговарајќи на новинарско прашање изјави дека на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград ќе оди да им даде поддршка на Македонците во Бугарија, да им даде до знаење дека Македонија стои позади нив и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже и ќе ги штити нивните интереси.
- Ова беше можност да се покаже политичко единство, но за жал тие кои имаат полна уста за единство за обединување требаше со нас да одат таму и да ги стегнат рацете на Македонците во Бугарија кои се одважија и ги поканија политичарите во Македонија. Ако сум бил јас поканет сигурно е и тој поканет, но навикнати сме на такво однесување, жалам што не се надминаа себе се, жалам што остануваат да бидат слуги за туѓи интереси, а не на сопствениот народ. Јас сум убеден дека македонскиот народ знае на следните избор гласно да зборува на кому да ја даде довербата, потенцираше Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Трета Меѓународна конференција за фриленсери
-
Вакцинални тимови од наредната недела ќе одат во домови за стари лица за имунизација против грип
-
Медицинските сестри се соочуваат со низа проблеми
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово