Мицкоски се сретна со граѓаните во Кривогаштани
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со граѓаните во Кривогаштани.
-Пристискаат, уценуваат, злоупотребуваат сега еве ги користат и медиумите за да создадат лажен впечаток, но една работа ја погрешија. Оваа работа се победува заедно со граѓаните, затоа што граѓаните нема да заборават сето она што изминатитите две години, вие господо од СДСМ им го приредивте. Сите оние лаги, сите оние ветувања, сите оние нереализирани очекувања, очекувате дека народот овојпат ќе ви поверува, истакна претседателот Мицкоски од Кривогаштани.
Тој рече дека СДСМ игра на картата на кратко помнење на народот, дека тие го забораваат и потценуваат народот и сето тоа ќе им се удри по глава на 21 Април.
-На 21 Април ќе ја видите онаа вистинската анкета којашто денеска ниту сте способни, ниту сакате да ја видите затоашто сте заслепени за пуста власт и за пусти пари. Тоа е она коешто вас денеска ве мотивира да го правите тоашто го правите, потенцираше тој.
Ново на Сител
-
Уште три дена кампања, лидерите ја заоструваат реториката
-
Ѓорѓиевски најави повеќе мерки за подобрување на образовниот процес
-
Шукова најавува инфраструктурни проекти во Општина Бутел
-
Булингот се повеќе присутен помеѓу учениците
-
Жените земјоделки: Нашето земјоделство е пациент кој што го лечеа многу лекари, но никој не ја погоди точната дијагноза
-
Занаетчиството во криза
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, Ранковце и Крива Паланка