Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан - Берлински процес, попладневно информира дека потпишал Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија.
-Денеска потпишавме меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток', која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари, ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места и ова е само почеток, објави Мицкоски на Фејсбук.
Тој додаде дека очекуваат во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од една милијарда долари.
-„Бурсток“ има долгогодишно искуство во областа на одбраната, дипломатијата, безбедноста и разузнавањето, обуката, консултантски услуги и управување со проекти, како и специјализирана во поморскиот и воздухопловниот комерцијален сектор, додаде Мицксоки во објавата.
МИА
Ново на Сител
-

ДИК одлучува по приговорите
-

Македонската економија ќе бележи раст од 3%, и инфлација од 4% - прогнозира Виенскиот институт
-

СДСМ: Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено да прифаќа мигранти
-

Преглед на вестите од светот
-

Ден на македонската револуционерна борба
-

Кандидатот за градоначалник на Скопје - Ѓорѓиевски посети дел од скопските општини
-

Мециновиќ ги најави плановите за следните активности
-

Медицинските сестри бараат закон со кој се регулира нивната дејност
