Мицкоски: Очекуваме чист датум за преговори
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека очекува препорака и чист датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, а во спротивно формирање техничка влада и предвремени парламентрани избори.
– Очекуваме тоа што цело време го зборуваме, да добиеме чиста дата за отпочнување пореговори со ЕУ, иако оваа влада можеби тоа најмалку го заслужува. Но, сепак, граѓаните на Македонија тоа го заслужуваат и нашата држава тоа го заслужува. Се што е надвор од тоа да биде чист датум за преговори ќе биде голем неуспех за оваа влада и политиките на Зоран Заев и коалицијата што ја предводи. ВМРО-ДПМНЕ апелира за добивање чист датум за преговри. Во спротивно очекуваме формирање техничка влада и одржување предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски одговорајќи на новинарско прашања по вешерашната средба со жители на Општина Кисела Вода
Ново на Сител
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат
-
Казнет и протеран од Косово брачен пар од Русија кој беше уапсен поради нелегален влез од Србија
-
Курти со опозицискиот лидер Красниќи разговарал за одржување предвремени избори во Косово
-
Бајден го потпиша законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија
-
Состојба на патиштата
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа