Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
Коалицијата Вреди вечерва одржува состанок во Скопје на којшто се очекува да стане збор за состојбата внатре во коалицијата и за претстојните локални избори. На состанокот присуствуваат лидерите на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, на Демократското движење Изет Меџити, на Беса Биљал Касами и на Алтернатива Зеќирија Ибраими.
Пред состанокот, Таравари кусо во изјава за медиумите рече дека нема да има поделби внатре во коалицијата. На новинарско прашање за тоа кои се очекувањата од вечерашниот состанок, Таравари рече дека е без очекувања, бидејќи „се работи за редовен состанок на партиите”.
Лидерот на Демократско движење и министер за животна средина и просторно планирање Меџити, пак, посочи дека коалицијата ќе настапи со заеднички листи на претстојните локални избори, додека за тоа дали Таравари останува во Вреди или ќе ја напушти коалицијата, Меџити рече: „Тоа треба да го прашате Таравари”.
Лидерот на Беса Биљал Касами не даде изјава пред состанокот, додека претседателот на Алтернатива Зеќирија Ибраими рече дека се работи за координативен состанок на партиите од Коалицијата Вреди.
Во изјави за медиумите денешниот состанок го најавија Касами и Таравари.
Касами денеска изјави дека состанокот на коалицијата Влен ќе се утврди како таа ќе настапи на престојните локални избори. Касами е убеден дека Влен на изборите ќе настапи заедно.
-Продолжуваат редовните комуникации во рамките на коалицијата Влен, а денеска го имаме следниот состанок каде ќе се продолжи да се разговара во однос на излегувањето на локалните избори. Јавноста веќе е запознаена дека има неколку опции, но како и да е се надевам дека денеска ќе биде последниот ден, односно последен состанок, каде ќе се дефинираат овие дилеми во рамките на дебатата за локалните избори, рече Касами.
Изрази убедување дека Влен и на локалните избори ќе оди заедно. - И тоа што го покажавме на парламентарните избори ќе го покажеме и на локалните избори и конечно ќе успеваме да ги добиваме и општините и да ги водиме успешно како што ние сме убедени дека ја водиме политиката во рамките на владината коалиција но исто така и во рамките на општините каде што и досега се води од коалицијата, изјави Касами.
Таравари по работната посета на општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар кажа дека се надева оти работните групи во Коалицијата ќе продолжат да работат и дека ќе изнајдат најдобро можно решение, кое нема да биде фрустрирачко или демотивирачко за партиите, кои се дел од Влен.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и претседател на Демократското движење пред неколку дена побара од Таравари да избере страна, дали ќе биде дел од Влен или ќе преговара со ДУИ за претстојните локални избори.
Меџити на прес-конферецијата во Владата во вторникот истакна дека Таравари бил запознат со идејата за обединување на политичките партии од овaа коалиција во една партија.
Идејата за фузирање, како што истакна, била присутна уште од самиот почеток на коалицирањето, но се чекало соодветен момент за усогласување на политичките структури, идеите и програмите за да се направи следниот чекор кон формирање еден политички субјект.
Ново на Сител
-
Трамп ги иззема телефоните и компјутерите од високите царини за Кина
-
Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро