Мицкоски на средба со германската амбасадорка Холштајн
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николoски се сретна со германската амбасадорка Анке Холштајн, при што разговарале за актуелната општествено-политичка состојба, економските предизвици, интеграциите на државата во Европската Унија и прашањето со Бугарија.
Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средбата ја истакна својата загриженост за економската состојба и енергетската криза чии последици од неадекватното управување на политиките се крши на грбот на граѓаните. Според него, владата нема капацитет да се носи со предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и оти недостатокот на кредибилитет за носење одлуки ја наметнува потребата за предвремени парламентарни избори како излез од кризата и ресетирање на општеството.
-Претседателот Мицкоски ја потврди заложбата државата да добие датум за преговори и покрај фактот што Владата не испорача резултати во борбата со криминалот и корупцијата. Македонија не смее повеќе да биде заглавена во чекалницата на ЕУ и да биде жртва на спорот со Бугарија создаден во време на оваа влада, истакна Мицкоски.
Тој, се додава, подвлече дека секое решение на спорот треба да биде во рамките на усвоената резолуција во Собранието која беше поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, а прифатена од парламентарното мнозинство и која во себе ги соддржи црвените линии на државава.
Ново на Сител
-
Си Џинпинг пристигна во Кремљ на средба со рускиот колега Путин
-
Во Солун разбиена криминална радикално десничарска организација
-
Променливо облачно со сончеви периоди, најмногу дожд на Попова Шапка
-
Капитенот на ПСЖ: Знам колку боли пораз во финалето на ЛШ
-
ПСЖ со двојна победа над Арсенал обезбеди финале во Лигата на шампиони
-
Зеленски: Украинскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот сè уште важи, нема реакција од Москва
-
Почнува Саемот на книга
-
Еден ученик убиен, двајца ранети во напад со нож пред средно училиште во Калифорнија