Мицкоски и Таравари во посета на поликлиниката „Идадија“
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари денеска ќе ја посетат поликлиниката „Идадија“, каде е инсталиран нов апарат за магнетна резонанца.
Апаратот е набавен со финансиски средства од Здравствениот дом - Скопје во вкупна вредност од 83.455.500 ден. Како што се наведува во информацијата од владината прес-служба, апаратот е во функција од 17 јули годинава.
- Апаратот за магнетна резонанца од медицински аспект претставува врв во дијагностиката што дава најдобар приказ, визуелизација на дефинитивна и детална слика на внатрешни органи и меки ткива, неинвазивна, безболна метода, што употребува нејонизирачко зрачење и е предност во однос на сите други дијагностики во радиодијагностиката. Термините се креирани во една смена од 7:30 до 13:30 часот, но, планирано е отворање термини во две смени. Откако е пуштен во употреба апаратот за магнетна резонанца, дефинирани се вкупно 476 термини за снимање, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот