Мицкоски: Ден на албанската азбука – симбол на образованието, културното богатство и напредокот на еден народ
Денес, со почит се собравме заедно да го одбележиме Денот на албанската азбука – симбол на образованието, културното богатство и напредокот на еден народ, објави на неговиот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски.
- Овој ден, 22 ноември, нè потсетува на Конгресот во Битола, одржан во 1908 година. Таму, со мудрост и единство, интелектуалците донесоа одлука која ќе го трасира патот на албанскиот јазик кон иднината – создавањето на единствена и стандардизирана азбука. Оваа одлука не беше само лингвистичка, тоа беше акт на создавање на иднина и едно културно обележје. Писменоста и образованието не се луксузи – тие се основни права и најмоќни инструменти за трансформација на нашето општество. Нивната важност не може да се измери со бројки, но нивното влијание се гледа во подобриот живот на секој поединец и во напредокот на целата заедница, напиша на фејсбук Мицкоски.
Порача дека треба да вложуваме во писменоста, да ги отвораме вратите на образованието за сите, да создаваме општество во кое знаењето ќе биде најсилната валута. Само така можеме да изградиме држава што ќе биде подготвена за иднината.
Ново на Сител
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови
-
Нови авио линии, поголем број на туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Изгоре куќата на Александар Пандов – директорот на управата за извршување санкции смета дека е подметнат
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во дискотека во Кочани
-
Кочани повод за нова интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики